во (предл.) - непознат (прил.)

Прв предзнак Јас и ти патуваме, во непознато место и непознато време, а сепак така блиско, патот нè води, кон гора зелена, темна, манастир на патот и река, и тука ние, еве манастир се гледа, некој нè чека.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Залипти тивко и потоа заплака - за оние непознатите, кои во непознато најдоа место за вечен почин...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Требаше да разбере да не е некое од потерните одделенија на Фазлибеј, кое токму него го бара, та да си има главоболија во непознато место.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, во исто време беше свесен дека се наоѓа на сосема нов терен, во непознато ловиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)