во (предл.) - подеднакво (прил.)

Исходот е забележителен: голем квалитет на извршување, вистинско руско уметничко дело кое го поставува прашањето на некаков нов естетизам наспроти изјавите на авангардистите од 70-тите и 80-тите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Белјаев и Преображенски, обраќајќи му се на споменикот што го претставува Бојс и во подеднакво неочекуван контекст, симболично ги решаваат овие два аспекти на проблемот: тие уметнички се колебаат помеѓу патетиката и детската итрина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Затоа што на оваа генерација ѝ е потребно да воведе директни и спонтани односи со врвот на пирамидата и затоа што треба да се создадат сила и барање на позитивни идеали, кога иронијата повеќе не одговара.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа, кога веќе паѓаше мракот, отидовме во најбедниот дел од Виена; минувавме по полумракот на тесните улички, едвај се разминувавме со девојките во распарталени фустани, и со мажите во подеднакво распарталени алишта, кои им пристапуваа на девојките со предвреме огрубени лица, со шминка која само уште повеќе го истакнуваше грубеењето, со здив кој мирисаше на алкохол.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некои од тие девојки го допираа Зигмунд, ја кажуваа својата цена, и потоа трчаа по нас, ја намалуваа цената, сѐ додека не доаѓаа до онолку со колку може да се купи парче леб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)