во (предл.) - постојано (прил.)

Беше во постојано очекување на некаква имагинарна пресуда која, во секој миг, можеше да се упати против него...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сокол Мечевски како да разбра зошто во Татковата библиотека, во чуден и во постојано променлив распоред, покрај големите свети книги, Библијата, Куранот и Талмудот, се наоѓаа и разни други метафизички трактати, но и книги за кабалата, за Тората, за хуруфистите, за богумилите, за идеологиите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Убавите зборови, преку сонот, се влеваат во постојано разубедената душа. Повторно нѐ помилува.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вака, неисламизирани, може да ги држи во постојано напрегната ситуација, на исто рамниште со другата хирстијанска раја, и да ги исцедува колку нему му се сака.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од пропагандите во кои служи ќе треба да бара слобода да се наоѓа во постојано општење со интелигенцијата и општеството од другите пропаганди.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во библиотеката како во постојано дежурство беа книгите за јаничарите, јаничаризмот, како една од најголемите балкански болки, со последици во иднината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш сѐ уште не насетував дека сликата на некој кој се затекнал во празна куќа ќе прерасне во постојано чувство на бездомност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Една добра работа која ми се случи последниве години е можноста да ги доверувам механичките работи на други, да ја одржувам креативната топка во постојано движење и да им дозволам на другите да се приклучат кон забавата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Зошто си толку упорен?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Секогаш кога болката ѝ ги зграпчуваше слабините со својата почетна болка, и потоа, кога преминуваше во постојано пулсирачко тиштење, таа ја туркаше загриженоста за Даниел во понепристапните катчиња на нејзиното битие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му се чинеше малечка како детска кукла, веќе следниот момент огромна, неизмерно висока, во постојано движење – ќе му виснеше во лицето, или одеднаш ќе се оддалечеше, се ширеше, издолжуваше.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Меѓутоа, поради бугарската Пролетна офанзива, Главниот штаб на Македонија се наоѓал во постојано движење низ Источна Македонија, со што се одложило спуштањето на мајорот Скот Дикинсон.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓу опциите в била во оптек и таа тој да се испрати преку Првата македонско-косовска ударна бригада, а потоа да се проследи доГлавниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Измешаните насилство, сентименталност, лажност и театралност на емоциите што се во средето на конфликтот го претвораат семејството во постојано место на мелодрама.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Удри по љубовникот или по љубовницата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Потребно е насилство. Удри по мајка ти. Удри по ќерка ти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто мелодрамата, како деградиран поджанр, се одликува токму со таква комбинација на елементи: врв на емоционална напнатост што изгледа претерано или екстравагантно; прекумерна реакција, оттука, лажност (ако гледачите проценат дека некоја изведба е „мелодраматична“, всушност, под тоа подразбираат дека е пресентиментална и „неверна на стварноста“); и сиже изнакитено со насилни кулминации.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој лингвистички систем во постојано делување се веќе неколку јазици - сите јазици содржат елементи од други јазици, исто така содржат и нестабилност, двозначност во нивните сопствени рамки.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не беше важно колкумина од присутните знаат за Морис Равел и Болеро, зашто сите ја прифатија симболиката на борбата помеѓу светлината и темнината, во постојано преплетување, како што се преплетуваат секвенците од композицијата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дедо Кољо го беше слушал Татко, кога доцна во ноќта, од отворениот прозорец на неговата библиотека ќе проструеше песната во која, како да се мешаа три гласа во постојано следење.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ние сме во постојано очекување, упатување еден кон друг.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нејзиниот долг живот мина во постојано жртвување спасувајќи ги своите чеда во неизвесната балканска судбина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)