во (предл.) - премногу (прил.)

Прерано ја прозре пролетта. Презимуваше во премногу глави, ги гасеше утрата во преполн пепелник. Ги распоруваше моделите, ноќите, годините...
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Загатките без можност за решение, значи загатките во кои ништо не е сокриено повеќе од самите загадочни чувства, таквите загатки во најдобар случај им соодветствуваат на игрите со сенки со заборавените форми на загатки, игри во премногу доброќудните сеновити градини на историјата, игрите на сенки во сенка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Законот за вработените во јавниот сектор има претрпено само едно изменување и дополнување, од декември 2014 година.59 Со овој закон не се утврдува обврска за колективно договарање, се предвидува контрола на вработените преку недоволно разјаснетиот поим континуирано следење што остава простор за притисок врз вработените, дефинирањето на штрајкот е поставено во премногу рестриктивни рамки како и можноста за законско создавање на превработеност со кадри чија компетитивност е под знак прашалник.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сакам да разберете дека: денес економијата стана и потврдувам дека е исто така природна наука, најнеопходна за опстанок, во премногу цивилизарните и урбани средини: поприродна неможе да биде!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)