во (предл.) - релативно (прил.)

Еден ден во релативно блиска иднина - не би можел да ви го кажам точниот датум една од пораките во вашата утринска работа ќе содржи погрешно отпечатен збор и вие ќе треба да побарате да ви го повторат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Хотелот „Ексцелзиор“ е близу до центарот на градот, но сместен во релативно тивка уличка со неколку повисоки предвоени згради и меѓу нив, со типично периферски еднокатни куќи, кои покрај зградите изгледаат речиси сиромашно. Некои од куќичките се оградени.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
При еден конфликт на Балканскиот Полуостров, Германија, “ако воопшто земе учество“ не стоела на првата линија и според тоа би се наоѓала во релативно поволна положба.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Милдред Пирс ви е добар пример.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто, ако можело средносталешката семејна драма да се сведува на комедија, ако ги третирала буржоаските семејни несреќи како тривијални и смешни, таа едноставно ќе го унижувала и багателизирала буржоаскиот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А така не би се вклопила во целите за кои била замислена. ‌Ова – макар ризикувал и да излезе дека премногу поедноставувам – е родословот на мелодрамата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата ги пресадила јунаштвата, борбите и патосот на класичната трагедија во релативно едноличниот свет на буржоаското постоење.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Класичната трагедија честопати ја имало во понекое семејство – во кралско семејство, сигурно, но сепак во семејство – а мелодрамата можела да ѝ ги одржи жариштето кон семејството и сместеноста во рамките на домаќинството, на тој начин придавајќи им на општествените и на емоционалните ситуации од буржоаскиот домаќински живот нова смисла на величие, горливост и напон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како адаптација на мошне перверзниот истоимен роман на Џејмс М. Кејн од 1941 година, со неговите мрачни упатувања на мајчината прикриена, родоскверна желба кон сопствената ќерка, холивудскиот продуцент Џери Валд, сценаристот Раналд Мекдугал и режисерот Мајкл Кертиз ја преобразиле Милдред Пирс во релативно морална приказна.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Денес е во мода – или, барем, беше модерно во релативно пркосната машка геј-култура од 1980-тите и 1990-тите, кога пишуваше Милер – геј-мажот да си ја покажува геј-гордоста, сексуалната ослободеност, така што ќе си го чува купчето геј-порнографија ставено на виделина веднаш до креветот, заедно со разноразните други еротски помагала.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зашто изгледа дека „раните претсексуални стварности на геј-искуството“ опстојуваат во обликувањето на субјективното постоење на барем некои денешни протогеј-деца, дури и во релативно просветлениот период по светскиот историски настан наречен Стоунвол.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нема начин да се утврди до кој степен ЛСД придонесе за архитектонското решение, но мое цврсто уверување е дека без искуството со ЛСД многу од овие увиди не ќе беа можни, особено во релативно кусиот рок кој го имав за изработка на проектот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)