во (предл.) - ретко (прил.)

Колку и да можеше да се претпостави некаков патријархален диктат од негова страна, беше чудесно и благотворно да се почувствува колку многу ја почитуваше тој нашата индивидуалност, како во ретко кое друго балканско семејство.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Долгите раце ги држеше во џебовите и се потпираше на багремово стебло загледан во ретко посеаните капки по темното небесно кадифе.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И покрај големите разлики на балканските народи во нивниот етнички и национален идентитет, беше свесен дека тие поседуваа повеќе обединувачки, отколку разединувачки елементи, како во ретко кој друг поголем европски предел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сите уживаа во ретко убавата и опиена атмосфера.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)