во (предл.) - речиси (прил.)

1.  Оваа фондација, чиј патрон е маченикот на Германската ноемвриска револуција д-р Роза Луксембург (Rosa Luxemburg / 1871–1919), жената која беше најважниот претставник на интернационализмот и антимилитаризмот за време на Првата светска војна, има преку 200 партнери од над 50 земји, како и 14 интернационални канцеларии, во речиси сите делови на светот, а нуди сестрана образовна програма на суштински теми: глобализација, социјална правда и еднаквост, родова политика, демократска партиципација, екологија и одржливост, локална самоуправа, антифашизам и антирасизам, современа историја и критика на капитализмот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тука уште би сакале да напоменеме дека, веднаш на почетокот од секое интервју – под самиот наслов (кој објаснува кои се парничните странки т.е. кој работник против кој работодавач го во- дел спорот) и под поднасловот (кадешто сосем кратко е даден предметот на спорот т.е. за што тој се водел) – се дадени латински цитати [во оригинал и во превод] на познати римски правни максими кој имаат контекст токму со конкретниот спор, а коишто поради својата вистинитост и безвременска релевантност имаат огромна вредност како „авторитативни правни стандарди“ и сѐ уште, до наши дни, во неизменета форма важат во речиси сите 14 правни системи во светот – како основни принципи или како законски регулирани фундаментални правни начела.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Улпијан (Domitius Ulpianus / II–III век) Бидејќи работничките проблеми воопшто не се нови, токму затоа правните корени на оваа дисциплина со доста практични консеквенци – а со тоа и на самите работни спорови кои произ- легуваат од специфичниот трудовоправен однос, внимателниот истражувач, без поголеми тешкотии, може да ги лоцира во бо- гатата ризница на Римското приватно право и подоцнежната негова рецепција во речиси сите европски национални правни поредоци – кое, за разлика од македонското, беше составувано низ „ситото и решетото“ на многумина разборити и доблесни правници, кои им одржаа вистинска лекција по право на сите антички, средновековни и современи народи...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со оваа нова градба, како и со блискиот Дом на Армијата, изграден на местото на една џамија во форма на бурма и позната како Бурмали–џамија, спроти зданието на големата банка, со зданието на големата железничка станица, една од најубавите на Балканот во речиси ориенталната касаба, се наѕираше моќта на новата држава.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кон историското ниво на приказната кое низ преданието, архивата и пронајдениот животопис пружа увид во колебливото минато, се придружува современиот контекст во кој историјата се повторува и се огледува во речиси истоветни форми, наметнувајќи го заклучокот за неможноста од пронаоѓање сигурна точка на посматрање и на дофаќање на конечна вистина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Херодот ни опишува еден од најстарите, во Египет: има три илјади простории, а во речиси непристапната средишна комора закопани се кралевите и светите крокодили.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како филозофи­јата или науката, и литературата не е просто една меѓу институциите; таа едновре­ме­но е и институција и анти- институција, на растојание од институцијата, на полето на аголот што институцијата го затвора со него самиот за да се оддалечи од самата себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не прашувајте ме каква, бидејќи за тоа во оваа прилика не би зборувал, а, впрочем, тоа непрекинато се обидувам да го направам на друго место, во речиси сите свои текстови. 4Зошто литературата за вас беше толку значајна? 4Она што мене ме интересираше (но зошто ми сугерирате да зборувам во минато време?) беше чинот на пишувањето, или, претпочитам, бидејќи во целина и не станува збор за чинот, искуството на пишувањето: да се остави трага која се одрекува, која дури можеби и е наменета на одрекување од сегашноста на okno.mk | Margina #11-12 [1994] 33 своето изворно запишу­ва­ње, од својот “автор”, да се изразиме така фалично.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги направи тие чекори, во речиси изодениот живот, во својата соба, преполна книги, која веќе долго време му беше замена за светот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сепак, доминантна црта на “Книгите на Просперо” е неоправданото атакување на чувствителноста на гледачот, очигледно не само во речиси тоталното непочитување од страна на Гринавеј на потребата на публиката за кохерентна нарација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Таа стоела таму во речиси непосредна близина на неа, вкочането гледајќи во нејзината отворена челуст и во подадениот јазик, верувајќи дека тоа е мазнен метал или глинена змија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А не знаев ни дека, во речиси истиот миг, на страницата на Нешнал ривју, едно конзервативно списание за политички коментари, основано од Вилијам Ф. Бакли Помладиот, во рубриката Телеграми објавиле напис со наслов „Како да се биде геј – I“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Паралелно со полнењето на затворите во речиси цела Македонија и применувањето на познатите и испитани тортури против целото македонско население (специјални експедиции против македонски села, палежи, грабежи и слично), во Солун се подготвувало судење кое, според замислата на официјален Цариград, правосудството на султанот требало да го претстави пред Европа во една за неа непозната светлина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Додека масовни убиства биле одбегнати, дотогаш апсењето и малтретирањето на егзархискиот дел од нашиот народ во речиси цела Македонија зело невидени размери.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По неа јас - девојче Сара, па се родија Марија и Стефан на Споменка, а Светле роди син, но подоцна и не го знам неговото име... (Во „шестка“, во речиси исто време, Слаѓана го роди Александар) По 14 години, сите се запишаа во „Орце Николов“... и сите седуммина матурираа заедно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Скаутите, кои што како свој слоган го воспоставиле be prepared (биди подготвен) имаа огранок во речиси секој поголем град на некогашната СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А Rebis е уште едно име за Каменот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Творечките и регенеративните моќи навестени се со двојното р во Rrose. Cirlot нè потсетува дека „веларното р е ономатопејско, со алузија на громот како симбол на творечка моќ (поради тоа најголемиот број глаголи во речиси сите јазици ја содржат буквата р).“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дипломатија како на шаховска табла, со прецизна функција на секоја фигура! Со длабоко обмислени, стратегиски потези, без чести дамини- гамбити! Вистинска школа!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Одлично го владееше книжевниот арапски јазик, како и говорните варијанти на земјите во кои службувал во речиси сите држави на Блискиот Исток, Магреб и земјите на Персискиот Залив...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ни вети дека ќе ја посетиме Ванга каде што уште од повоените години, во речиси ненаселениот остров, беше изградена Титовата летна резиденција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И не случајно, по распадот на Југославија, долги години на врвни дипломатски позиции во речиси сите новосоздадени независни земји ќе се најдат дипломатите на сиповската школа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зборот кадија, преземен од арапскиот во турскиот јазик, го наоѓаше во речиси сите балкански, но и во неколку европски јазици, често со преносно значење во врска со некој современ настан.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според договорот, започна да реферира за зборот зандана, присутен во речиси сите балкански јазици, главно со исто значење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски внимателно го слушаше Татко. Му се восхитуваше за неговата ерудицијата на албанскиот полиграф во речиси секој домен, но посебно класичниот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бездруго нема да исчезне јазичното богатство проникнато во речиси секој балкански јазик? запраша Камилски следејќи го вдлабено текот на Татковата мисла.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Винстон го имаше видено О'Брајан можеби десетина пати во речиси исто толку години.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но жената пееше толку мелодично, што го претвораше безвредното ѓубре во речиси пријатна музика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Паричен надоместок во случај на невработеност Во врска со паричниот надоместок дојде до промена во речиси секој поглед.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Мајка мораше да се врати од Солун, во Лесковик. Според предвидувањата и информациите на нејзиниот татко, тогашен префект во речиси развластениот Лесковик, од војските кои доаѓаа и заминуваа заедно со туѓите окупаторски режими, во Солун требаше да се очекува големата воена разврска, пресудна за Првата светска војна...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не ретко, внесен во речиси распаднатото, пожолтено, прастаро лисје, од неподврзаните тефтери, само подземањето на еден лист, предизвикуваше продолжен трепет, ослободуваше некаков говор на животот од нив што можеше да се поврзе со говорот на другите листови од ракописната грамада.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)