во (предл.) - тривијален (прил.)

Во спротивно, ако сериозноста е настап, изведба, и ако тоа што нешто се доживува како настап значи дека не се сфаќа сериозно, тогаш машката геј-култура има целосно право сериозното да го преиначи во тривијално, да го исмева она што важи за сериозно – да му се подбива на она што постигнува сериозност со самата извонредност и свеченост на изведбата.222 И навистина, што може да биде посоодветно, пореалистично за несериозен третман, за исмевање од непријателски устроените и неменливи стварности на општествениот свет, дури или особено кога се ужасни и трагични, кога се прашања на живот и смрт – и кога ви се случуваат вам?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овие занимања... јасно ги обележува камп-сензибилитетот: тие се стил поради стилот, немаат „сериозна“ содржина (фризурата нема „врска“ со ништо), немаат практична примена (само се фини), а формите со кои се зафаќаат ја нагласуваат препреденоста.211 За Зонтаг, токму во оваа склоност на кампот да ја истргне формата на нешто од неговата содржина и со тоа да го преобрази „сериозното во тривијално“ има „тежина“.212 И, во извесна смисла, има право.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)