во (предл.) - СФРЈ (скр.)

- Што значи тоа? - На крајот од седумдесетите години, читателите на ревијата за музика „Џубокс“ можеа да го дадат својот глас за гитаристот за кој сметаа дека е најдобар во СФРЈ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Има ли многу dummy-зам во СФРЈ?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И пред евидентно да се покажат тоталитарно-националистичките тенденции во СФРЈ, некаде во средината на осумдесетите ликот на Адолф Хитлер веќе беше „модел“ на некои мои дела.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потоа дојде нова војна - војната во СФРЈ, А Лабрис упорно се размножуваше за конечно да се претвори во комплексен визуелно-литерарен постмодернистички лавиринт без крај.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Всушност Лабрис беше антиципација на војната во СФРЈ но и на една друга војна - војната во Ирак или првата медиски драматизирана војна во историјата на војните.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Затоа не очекувајте претерано компетентна студија во врска со фудбалот во СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
ЈУГО Автомобилот на соц-реалистичката средна класа во СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ваквото уредување ќе опстојува до уставните промени од 1974 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Четвртиот период започнал од шеесетите години и трае се до денес.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Воведувањето на комунистичкиот систем, во источноевропските земји и во СФРЈ, како неприватлив за многу луѓе бил една од причините за иселување, а другата била Граѓанската војна во Грција, по која голем број Македонци ги напуштиле своите огништа и заминале во источните, а потоа и во прекуокенските земји.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 1963 донесен е Сојузниот устав со кој се променува името на државата во СФРЈ, а со Републичкиот Устав Македонија се дефинира како Социјалистичка Република.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тогаш Македонија беше дефинирана како национална држава на македонскиот народ и како заедница на работните луѓе и граѓаните на Македонија и на равноправните со него припадници на другите народи и народности кои живеат во неа.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тешката економска и политичка ситуација во СФРЈ услови да се донесат и некои уставни амандмани со кои се настојуваше да се даде поголема слобода на Републиките.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)