На една од своите трпези,  со десетици имиња на монаси издлабени  врз трпезата,  во зографскиот манастир на Света Гора,  седат монасите,  дрвена паница велигденска чорба  и бокалче црно вино пред секого  и откако ќе ги испеат сите молитви  и удри камбаната  за да ги здружи морето и ѕвездите  на прозорецот болснува секавица  колку за миг да се види сенката Исусова  додека воскреснува.
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  И врз трпезата на плоча запишано:  Легии, добродојдовте на трпезава  што ја оставивме да ви појасни  дека ние не умревме ниту за вода  ниту за леб туку поради  Честа што се обидовте да ѝ ја одземете  на татковината ни...      Sacra populi lingua est
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Масада 73   Света трпеза пред пештерите  во камењарот над Мртвото Море  послана со ленени простирки  и со безброј земјени паници  полни со плодови  риби вино и исушен леб  И птици поседнати на трпезата  и исушени костури на востаници  и мајки деца старци наоколу  кои опколени од римските легиони  немале друг избор освен до последниот  да изумрат но да не се предадат
               
             
           
            
            
              „Две тишини“
               од Анте Поповски 
              (2003)