до (предл.) - никаде (прил.)

Николку, што се вели, до никаде не ме поносил.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— А што да правам, вели, кога оваа работа до никаде не ми оди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Второто кое, впрочем, вистински ме загрижи, беше тоа што копањето не беше стигнато до никаде.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
До никаде не му се слуша гласот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ама не пали тоа, до никаде не фаќа лагата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не стои само со тебе, до никаде не те покажува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До никаде не гледаат од лутина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Многу ме интересираше зошто најмалата клацкалка не беше сменета, па го прашав чичкото.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„А железово нема да го фарбаме?“ а другиот рече, „Е, сега, сите ако ги фарбаме до никаде нема да стигнеме“.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)