за (предл.) - бомба (имн.)

До оваа идеја дојдов многу, многу години порано - додека со воз патував од Булоњ во Париз.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неколку недели чекаа да дојде некој од властите од Тополчани, од Прилеп, или од Битола и да се заинтересира за бомбата, но кога се пронесоа гласови дека овчарите, а и некои од дечиштата, оделе таму и ја прерипнувале со стап, или без него, се уплашија да не се стори некоја пакост, па ги одредија Крстета Јанчески, кој во Второ бугарско стана кмет на Потковицата, Најда Акиноски и Ѓорета Дамчески, кој од помладите луѓе изби во прв ред, да отидат во Тополчани, а ако не успеат таму во Прилеп, ако не успеат и таму во Битола, и да бараат да дојде некој оттаму и да ја растури бомбата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури со Бен бевме и во научниот институт во Пасадена кај доктор Миликен, тогаш моментално најголемиот американски научник, и го прашувавме детали за бомбата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И тогаш, и секогаш кога повторно ќе отидеа да бараат да дојде некој и да ја растури бомбата, само им ветуваа дека навистина овој пат ќе испратат некого, но во текот на целата таа година никој не се појави.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)