за (предл.) - брише (имн.)

Крпите служат за бришење садови во кујна или им се оддава почесно место на ивицата од лавабото, стуткани за да не реметат со својата флекавост.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ги раскрили двете врати од задниот дел на карванот и почна да го товари багажникот неисчистен откако го беше купил како половен: ногалките од школската табла, топот платно, летвите за распнување на парчињата платно во различни формати, рачна пила, чекан за ковање прави и клешта за вадење криви клинци, полни кантички со нови бои, врзоп четки во сите должини и дебелини, пачка шпахли, самоделска палета од шперплоча во облик на енормно зрно грав, шише со терпентин и шише со растрворувач, а на крајот и куп крпи за бришење на маслосани раце и по некој мрсул солза.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа ни дадоа војнички униформи, по една батериска светилка, пешкир, конци и игла, шамимче за бришење нос, ноженце заедно со лажица и виљушка и потоа нѐ качија на воз и така станавме војници и веќе не бевме деца...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сега Курназ немаше ни трафика ни бутка, туку киоск; и продаваше не само цигари и весници, кибрити и свеќи, коверти со марки и табаци за молби, ами и лижавчиња на дрвца, гумени бонбони и гумички за бришење на мастилави моливи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)