Цела ноќ се распрашуваа за роднините, за брат му, тате, мама, чичо, за челадта, за живеачката, сѐ до првите петли.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Математиката си е тоа. Со Мирјана зедовме молив и пресметавме што може да се стори со една плата. Токму за живеачка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Еднаш месечно го правев оној питачки гест – ја испружував раката за во неа да добијам од брат ми пари за живеачка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ноќите стануваа поинакви, во нив тишината се згуснуваше и мислев дека ќе ми проговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Жеден за свет, се втурнува во Париз, ја учи техниката на анимирањето и од тоа, заедно со неговата Емина, печали за живеачка.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)