за (предл.) - трчање (имн.)

Одеднаш ми дојде и јас да се пријавам за нешто, па без да размислам се пријавив за трчање на 60 метри.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На надолница е полесно за трчање, ама потешко за запирање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што да правам со куците? Тие не се способни ни за одење, а камо ли за трчање и маршеви...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)