Ако, пак, синдикатот и работодавачот не се  спогодат, во рок од 15 дена од денот на доставувањето на предлогот  на работодавачот до синдикатот – за определувањето на правилата за  наведениве работи, работодавачот или синдикатот можат, во рок од  наредните 15 дена, да бараат за тие работи да одлучи арбитража;      г) наместо поранешната одредба, која велеше дека работникот кој  учествува во штрајкот ги остварува основните права од работен однос,  освен правото на надомест на личниот доход (чл. 13, ЗШ/91)– сега се  предвидува дека на штрајкувачите, за време на учество во штрајкот,  работодавачот е должен да им уплатува само придонеси од плата, и  тоа само оние утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите – т.н. „минималец“ (чл. 240, ЗРО/05).
               
             
           
            
            
              „Обезвреднување на трудот“
               од Савески,  Апасиев,  Ковачевски, Василев 
              (2010)