Сега сум дошол само да те видам тебе, да те прашам за доброто здравје и за раните, ако ми дозволиш.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Само печалбарката чека да ги остават своите сиви гнезда, чека дали ќе го види уште еднаш милото лице... А тоа е далеку, далеку!...
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Кого го удриле, кого за гуша го фатиле овие бели рачиња, та да тргаш мака за татко ти во туѓина?
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Облак зелен во залез виолетов плови како во пристан млак Стојам под него Маглички утеха сина и бели нежни јадра – бледи јата – копнеж на живи вази Јадреат јадреам јас Во цветот на корењето земјата не се открива сино Гордо виолетово радосно плови над прозорците да ги легне очите на улицата на себе Шуми ми шуми приспивно за раното небо на тротоарот што во правот долго ги помни сините стапалки на ѕвончињата
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)