„Кај си, бре“, вели, „што не излезеш?“ „Зошто да излезам?“ му велам.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
- Јане, сине, кај си? Во станот никој не се одзва, можеби затоа што паѓаше самрак.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Ехеееја, полека! - му свика овчарот. - Кај си залетал со рачката?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
— А бре ми, кај си, стопанка му, од кога не сме се виделе. Загинаме, без зрно барут.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Мори ајде, стара, кај си, госје ни донесе господ, отварај, барај вечера — ѓоамити ѝ се врекна стариот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
- Кај си, бре Трајче? Од кога те бараме?
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ново утро. Убавино кај си, во овој доцен час.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Кога Кате и Боге ги доглодаа ѓевреците, и нивното пајтонче дооде исцицувајќи ја последната капка бензин и довлечкувајќи го продупениот олук на ауспухот, Богевци со торбите се втурнаа во станот и веднаш викнаа по децата: - Јано, мајке, кај си?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Кај си бе, брат?“ ме пресече ко со нож машкиот тенор и ме закопа во асфалтот.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)