- Но, да се вратиме кон споредбата меѓу Дописникот и Озлогласената: разликата меѓу филмовите е пред сѐ во тоа што во Озлогласената навестената тема на напнатост меѓу јунакот, девојката и остарениот „виновен” татковски лик така непосредно доминира што филмот скоро го перципираме како коморна драма и е снимен без вообичаените Хичкокови комични детали и акциски елементи (бркања и сл.), додека тонот на Дописникот е доста „полесен”.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 22“
              
              (1995)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  ЧАМЕЦ ЗА СПАСУВАЊЕ (1944)            Појдовната замисла на филмот е секако да се прикаже во еден микрокосмос (чамецот за спасување), макрокосмосот на американското општество во неговото соочување со нацистичката опасност: наспроти униформираноста      на   нацистичкот тоталитаризам, што го олицетворува еден противиграч, Вили, стои melt- ing pot-от на разновидните социјални слоеви, народности, убедувања, карактери; преку низата напнати сцени и заострени, понекогаш иронично обоени дијалози излегуваат на видело сите општествени, културни и идеолошки напнатости на американското општество, додека бродоломците конечно не најдат доволно моќ за единствен настап против непријателот.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 22“
              
              (1995)