кон (предл.) - стомак (имн.)

Тој го сакаше гуштерот затоа што имаше светлозелена боја на грбот, додека странично зелената боја преминуваше во темнозлатеста, а кон стомакот во портокалова, а потоа во крем.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Видовникот само ги собрал колениците кон стомакот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тој ми рече: господине, имате нешто на маицата: Јас погледнав надолу, кон стомакот и се стаписав: на мене стоеше брошот на Луција, црниот пајак со златни нозе; се беше закачил со едната нога и висеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ние сме се расприкажале, а не гледаме колку е часот. Заборавивме на нејзе или него - се насмеа Јана, покажувајќи со показалецот кон стомакот на Рада. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Внимателно движејќи го ножот со десната рака, не колач или дерач туку избавувач од тегоби, брзо и кратко минало со остриот врв преку жилата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)