крај (предл.) - на (предл.)

Есен е, а беше крај на пролетта кога го закопав Борко на гробиштата во Долнец. Беа шест гроба над водата од езерото, нашиот седми.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Хирургот Никола или?... Не знаеше дека му готват стапица и се сеќаваше - ја испрати Јана до циганскиот крај на крај на град и шарајќи со очи по разнобојните мали куќички и ги стисна рацете: „Се каеш ли?“ Недалеку од нив голомешесто Циганче со стар, ноќен сад на глава, сонуваше да стане војник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Прашуваше со смеа, кога одговараше брчките во бранчиња му бегаа од ушите и се вливаа во краевите на устата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Камилски не очекуваше ваков крај на мисијата. Тој честа да реферира за заемките на исхраната му ја препушти на Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Марко Марикин прашуваше и секогаш сам одговараше, најмногу тогаш кога ќе предизвикаше љубопитност кај луѓето со кои се здружуваше и кон кои беше братски милослив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој најмногу сметаше на Мајкиното искуство по полувековното подготвување на источните и балканските јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)