на (предл.) - обата (бр.)

Овој град е расположен на височинките на обата брега на реката, низ кој постојано се влечат шлепови натоварени со стока.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така во вечната Картагина, во сенките на урнатините на старите цивилизации и палминото лисје се судираа концепциите на владеењето на две личности на патот кон вечната историја...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
УЈ ТОА Е еден од помалите градови во Белгиска Валонија, на обата брега на Меза, која овде е плодна и е таква сè до својот влив во Северно Море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Идеалот на обата големи лидера на арапскиот свет Бургиба и Арафат беше да дојаваат на бел коњ во ослободената земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само белите усни малку набабреа задржувајќи долго душено кикотење. „Никола“ , викна и се наведна над белиот лик со танко црвено конче на обата краја на устата. „Никола, јас сум, Отец Симеон.“ Шверцерот и веселникот ли?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)