на (предл.) - триста (бр.)

Мислејќи на нашите мили семејства, се предадовме. Ја урнаа песната што ја кренавме во небото, ја ампутираа кулата на триста метри височина, а горе ставија шапка која и ден денес може да се види, вистинска беда.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стаклото се распрсна на триста парчиња и маслото со водата што беа во него го облеа целиот иконостас и душемето под него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Како бајонети на силна светлина се пробиваат звуците на фанфарите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На триста и четириесет и првиот ден од годината што истечуваше, Старата Година, елените на Дедо Мраз се видени како наслегнуваат во падината на најмалата државичка на светот, Дардаванија, татковината на Добре, најдобриот човек на светот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)