на (предл.) - шест (бр.)

а) Најповолните промени, но од гледна точка на работодавачите, беа донесени во 1995 година, кога сите предвидени казни за нив беа поделени во две категории: (1) казната за кршење на одредбите наброени во чл. 145 од ЗРО/93 – беше од 50 до 100 просечни плати; (2) за кршење на оние наброени во чл. 146 – изнесуваше од 40 до 90 плати: •  со измените од 1995, казната за првата категорија беше намалена на осум до 18 плати, а за кршењето на втората категорија – на шест до 18 плати (чл. 6-7, ЗИДЗРО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
— Што ал правиме за леб, бре Толе? — почнаа да се тапкаат војводите кога погладуваа два три дена, бидејќи сѐ што носеа резерва на шесте маски се изеде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако сакате да се откриеме побргу, да пратиме некого од четниците, но само побргу да се откриеме, a за донесување леб ни збор да не става.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Под Големиот Брат е Внатрешната партија, чија бројност е ограничена на шест милиони луѓе, или малку помалку од два отсто од населението на Океанија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На шест години - една година пред време, со специјално отстапување од правилата - тој станал член на Шпионите; на девет години веќе бил командир на одред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кон осум девет саатот црквата се наполни, Тие што имаа „пресни мртовци“ донесоа пченица и поскури да ги препее дедот поп и да им раздадат за душа, некоја невеста дошла да си прави молитва со малечкото на шест недели; други ќе крштаваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Јас сум татко на шест деца, вели, и знам како дише жена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)