на (предл.) - ага (имн.)

Ами децата? Децата си имаат мајка, ќе ги одгледа, ќе ги порасне и ќе ги направи робови на агата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не се излага Иге. Толе ја прегази прв Црна баш на Скаклевите воденици каде што претполагаше и Ѓорче, и под самото Чаниште ги дочека четите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
• И остана Ѓорче со дружината — поп Пана и Игета —тука, а Тоше и Милан тргнаа да ја фатат со ноќ Маргара и да видат ќе има ли однекаде некој абер или паднаа вчера в раце — Ако никој друг, Толе сигурно им има побегнато на агите — го уверуваше Иге Ѓорчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете, јас слушна за некој си Мише Ќосото, што паднал апцана, та ќе се претстави дека и таа како тебе му се искубала на агите и нѐ најде нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Така ќе му кажиш на агата. Си дошол ефенди Толе и не и пушча.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ошче поарно. Тогаш и твоите блиски муабети со неа нема да им паднат в очи на другарите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште истата ноќ и тој се раздели со Стоја и Петка и тргна со Андона кон Крушевица, откаде го зеде со себе помалиот свој син Велјана да не падне и тој во рацете на агите, како постариот Трајко кој веќе, заради татка си, беше затворен пред една година.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И така, кога Сарафовци денуваа на „Ливада" и кога ноќта се разделија, Толе почиваше крај своето Ќосе во Вепрчани, а Андон крај Андоница во Дуње, за да дотрча околу полноќ во Вепрчани и да му јави на Толета, дека Бахтијар ја испрати војската по нив по Селечка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Загинавте млади, о јунаци бујни, мажествено, чесно, со пушките в рака, И пред да се кренат бајраците рујни, на агата вие му внушивте мака.
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Им аргатуваат од утро до вечер на каданите по куќите на агите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)