на (предл.) - аеродром (имн.)

Ден подоцна, Фокс и јас се сретнавме на аеродромот Нарита, во суши барот на ЈАЛ - овиот терминал.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ова беше, значи, наше второ видување, иако за време на студиите, не знаејќи еден за друг, учевме на ист факултет, само со година разлика.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
На аеродромот во Атина тој немаше време да стане свесен за својот замор зашто таму веднаш го сретна некој Јани кој, бидејќи значително помлад, а веројатно и доволно љубезен, му го подзеде малиот куфер и се пикнаа во некаква негова кола.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Хелвиг потрча во канцеларијата на шефот на безбедноста на аеродромот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога стигнаа на аеродромот, Елена ѝ даде и некој лесен седатив, иако знаеше дека пие лекови, што ѝ ги препорачува лекарот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Л.А. го испраќа на аеродромот. Летот е пладневен (12,05), меѓу оној за Франкфурт (11,50) и оној за Краков (12,15).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)