на (предл.) - бал (имн.)

Билјана го претстави Александар пред својот сопруг како добар школски другар кој е дојден на балот со Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Поканата да присуствува на балот што ја доби Филип Д. е убава погодност да се вклучи и тој во животот на граѓаните со повисок статус.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа и тебе те одбрав да дојдеш на балот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Едноставно, тоа треба да биде медиумски контраст на балот на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Душата на Александар му се наполни со дотогаш за него непознато чувство, страв од грандиозноста на балот, самозадоволство што е повикан на најважната приватна забава во земјата и презир кон нејзините гости.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Поканет си на Балот“, објави сета озарена подавајќи му го пликот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ах, вие сте тоа, чичко Видан?... Не, не. Имам една мала незгода... Да, овде на балот!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)