на (предл.) - бес (имн.)

Не поминаа ни триесет секунди од Омразата, а неконтролирани извици на бес веќе се откинуваа од грлата на половината од луѓето во салата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште една минута и дивите извици на бес одново одекнуваа од масата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа заглушувачки крик на бес и очајание, едно длабоко и гласно „ О-о-о-о-ох!“ што продолжуваше да одѕвонува како вибрации од камбана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повремено добивав напади на бес, затоа што сепак тоа беше нагла промена во начинот на живот.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тогаш му се чинеше дека ѕидовите на станот ќе се срушат од дивиот ритам на бесот што го слушаше во себе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Отец Стефан имаше едно сосема бело око и жила на вратот што во мигови на бес и злоба (што често го напаѓаа, оти душата слаба му беше) му чукаше како кај гуштерица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Умрел ли туѓинецот во тој Онисифор Мечкојад, испарило ли од неговата крв сеништето со дамари на неспокојство и поттикнувач на бес и самоволност? Не, можеби тој нешто смислувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Доколку сакаш. Орлен Шумков со недоверба го гледал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пролетта 1985 година, кога Израел ќе ги бомбардира позициите на ПЛО во Тунис и седиштето на Арафат, Хабиб Бургиба, во налет на бес ќе побара прекин на дипломатските односи со САД, макар што крај својата работна маса ја држеше сликата на американскиот претседател Роналд Реган.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш не ги заборавивме блиските и срдечни Себастијанови...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)