на (предл.) - бечви (имн.)

Потоа, со острото чакииче што го извади од џебот на бечвите, направи две длабоки рецки на едната и на другата рака, веднаш над шаката каде што дамареа сините реки на неговиот живот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Си рече дека е тоа поради широчината на бечвите и дебелината на искрпениот шајак.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зетот Богдан ја поткренал ногата повисоко од невестата, со цврст отсек, му се гледаат белите волнени чораби под ногавиците на бечвите порабени со гајтан; при замавот, дуплите ракави на џамаданот му се поткренале нагоре како крилја од птица; под фесот зафрлен кон тилот му стрчи парче коса како празови лисја влажна од пот; погледот му е свртен кон невестата која ја следи во играта.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)