на (предл.) - бик (имн.)

Има и такви што ги носат носевите на своите љубимци: некој го носи носот на својот булдог, некој на својата свиња, на кравата, на бикот...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Девојката беше беспомошна пред очите на насилникот од кои гледаше глад на бик.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Со тој чудесен опис, ќе исчезне `рбетот на бикот во длабокиот вир. Тоа е вистинскиот крај на расказот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Последното што го видоа беше `рбетот на бикот и најпосле роговите како исчезнуваат во водите, во вирот, во инката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Следното е описот на бикот. Првин се дава впечаток што го остава, а не описот (како кај Хомер): „сите што го видоа ги ококорија очите“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се намести милиционерот пред бикот, ги рашири нозете, ја поткрена пушката и, без многу размислување за да не должи со стравувањето, пукна во главата на бикот, токму во ѕвездата меѓу очите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На тоа место водата чадеше, се креваше тенка магла, како во неа да е потопено усвитено железо, како во неа да се гаснеше жарот сокриен во крвта на бикот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Некои од селаните ја гледаа, а некои се тргаа настрана да не гледаат или ги затинаа ушите да не го слушаат жалното рикање на бикот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Страв им втеруваше на луѓето и рикањето на биковите кои се колеа за војската.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тука престанува сѐ. Лежи и гледај го небото, својот знак на бик и не сметај се за измамен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе ѝ рече: Марија, јас сум роден под знак на бик, горд сум. Сфаќаш ли?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Киро е“ -заклучи Бојан. Со него Бојан често се наоѓаше на Рамни Ливади, каде организираа борби на бикови, кочови или, пак, се натпреваруваа во галопирање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се гледаше така, долго, заборавајќи на својата жед, а тоа беше главната причина, што со трчање дојде до езерово, оглувувајќи за рикањето на бикот Чако, што доаѓаше од далечината и ја цепеше гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Човечкиот ум На Еразмо за миг му се пристори дека го слуша рикањето на бикот Чако.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еразмо, оглуве на рикањето на бикот Чако, што доаѓаше од другиот крај на гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Нозете му се лизгаа по угорнината, непрекинато колван од клунот на јастребот, ги затвори ушите, за да не го слуша повикот на бикот Чако, препотен до гола кожа, бегаше, бегаше...
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Единствено знаење што го имаше, беше тоа дека треба да се ужива во видливите нешта, содржајните својства на бикот Чако кој беше горе на врвот, и многуте можности да се дојде до мноштво исти такви уживања, содржајните, својства на дијамантот, што беа на дното на тесниот бунар!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Рикањето на бикот Чако не се слушаше.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)