на (предл.) - брана (имн.)

На крајот од записникот се вели уште и ова: „Дополнително појаснување на предлогот и проектот за изградба на браната, даде другарот Угрин.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа најпосле, очигледно, го натерало да го преземе она со изградбата на браната, надевајќи се дека ќе го покрие својот злостор.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ковчегот го извадија и го положија на едно чисто плато од десната страна на браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Направен беше од државните багери кои работеа на браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога почнав да работам на подготовката на изложбата за јубилејот на браната, најдов една фотографија на која се гледаат Борко и Симон, само двајцата, сликани во некој момент кога Борко ја посетил браната во екот на градбата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Работев на документирање на Долнец и на браната уште на почетокот од изградбата, кога се ставија првите лопати бетон, и тоа ми ја олеснуваше работата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
А и друго: Симон знаеше дека само јас со тракторот можам да возам од браната до Долнец по патот направен од багерите што работеа на браната, откако стариот пат го покри езерото, и дека само јас можам да се искачам по онаа стрмнина до гробиштата на Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се правдаа, тврдеа дека ме сметаат за исправен, дека знаат оти сум бил ангажиран за помош за прославата на јубилејот на браната, но дека ова била нивна должност и така натаму, како што зборува обично секоја полиција во такви прилики.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Кога во Долнец летото разговарав со Лена, таа ми напомна дека забележала некоја доза на гнев и нетрпеливост кај Симона во однос на Борко и изградбата на браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По онаа бура, по оној гнев на Симона, повреден од тоа што Лена не му се дава, ранлив кога беше во прашање брат му Борко заради чувството дека предноста и грижата и на родителите и на другите била секогаш свртена кон него, а тој божем запоставен, а сигурно и заради внатрешната потреба да го симне од себе товарот на едно сведоштво на злостор, по таа бура, значи, по тој гром што ја удира Лена, таа го врти мојот телефонски број што бев ѝ го оставил кога летото, пред можната прослава на јубилејот на браната, ја бев посетил кратко во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас го имам записникот кога се одлучувало за изградба на браната.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но поради непристапноста на теренот не бевме во состојба да стигнеме во подножјето на браната.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Најстариот брат, бездруго, обележан од татковите илузии да ги следиме јагулите кон Америка, барајќи го патот на излезот од Балканот, се внесе во проучувањето на градбата на браните.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)