на (предл.) - братство (имн.)

О'Брајан продолжи: „Секако сте чуле гласини за постоењето на Братството.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Аџиите веднаш се наредија во редот на прилепските, битолските и тиквешките бегови и се избакнаа со нив во знак на братство и рамноправност.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ние - тоа е заменката на повторно пронајдената автентичност, а отсега тоа е име за обврзувачката хомогеност; беше тоа топол простор на братството по оружје, сега е празна падина на која бледнее и се замрзнува јавниот живот; беше тоа раѓање на една заедница самата од себе, сега тоа е исчезнување на секакво растојание, па затоа и на секоја можност за соочување на нејзините членови; беше тоа крик на револт, сега е солилоквиј на моќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Комфорот во кој државата на братството и единството четириест и пет години ги лулкаше своите деца беше сѐ помал, а последиците на економската криза во која запаѓаше и земјата и сите тие со неа веќе беа видливи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
53. Обидот на братството да го прошири своето влијание во Македонија не ги дало очекуваните резултати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Членовите на Братството немаат начин за меѓусебно распознавање и невозможно е кој било член да го знае идентитетот на повеќе од неколкумина други.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)