на (предл.) - вересија (имн.)

А кога Брајан од Витолишча, Стојко од Полчишта и други сиромаси немаа да доплатат, тој им ја даваше стоката и без пари, на вересија и му наредуваше на Мечето да запише во тевтерот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Работата се сврши, невеста доведе, венчањето падна, а тој уште на вересија работи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наточи вино крваво! Наточи на вересија!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
За да се арчи стоката што побргу и капиталот да се коти како питоми зајаци по десет, дваесет, педесет и сто за едно, тој „правеше и друг себап“ даваше сѐ на вересија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Им носат муштерии, а пак сликарите некогаш можат да пијат и на вересија, кога ќе се случи да останат без пари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Беше болен, немоќен беше, блед, како молец што ги изел јаслите свои, ткаенината во која се родил (пајакот никогаш, макар и најгладен бил, не јаде од мрежата своја, од делото на утробата своја); таа ноќ, кога му го покажав пајакот грозен во ковчежето, сила незнајна, сила ѓаволска го крена на нозе, и тој со мене појде, кон гревот негов, мене што ми се пиша во книгата на вересиите божји.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И со слово мачно, со јазик одбран, со срам и пониженост му преподаде логотетот на Филозофот и слово за ќерката малоумна негова, за срамот негов, за гревот што не го сторил тој, ами некој негов предок, а тој го плаќа како долг туѓ од божјата книга на вересиите запишани.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некогаш даваше и на вересија, исто како и Марко, гледаше и тоа робот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
ПОЦКО: Бог да го прости, ама не дај ми, боже, пак таков кум!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сиромав, окапан, немаше пари да му плати на попот кога ве крштаваше, најпосле и него го закопаа на вересија.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Земи на вера, ако нејќеш на вересија.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
СЕЛАНЕЦОТ: Ама нема овде ни вера, ни душа: пара е овде.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Со пари вчера купував, денес на вересија. Ту еден продава ту купува друг, јас од тебе, ти од мене- вртење во круг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Пишпирик престана да липа и, наеднаш со насмевка на итрец, стана трговец.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Земаа на вересија од аништата по неколку сомуни леб, но прво си го делеа сејмените меѓу себе, та што им престануваше им даваа по некој залак на сужните.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Пеевме тогаш, Мама Хуанита, Куку-руку кууууу Паломаааа, цела ноќ пеевме а наутро ги сркавме првите чорби во Букет и Победа и ги учевме првите уроци по брзо растење и пиење на вересија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)