на (предл.) - визба (имн.)

По влажните ѕидишта на визбата третереа две големи сенки.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Знаат, бездруго, дека ќе го закопам во мракот на визбата и знаат дека над него ќе одгледувам габи, од оние неотровни, беломесести, сочни.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога се спушти по скалите на визбата, не сакајќи застенка, нејзиното мајчинско срце ѝ кажуваше дека се случило нешто лошо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пладневното сонце светеше врз парчето земја, што беше обраснато со трева и се наоѓаше меѓу неа и херметички затворениот влез на визбата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Куќарката беше на визба, со салонче и две сопчиња.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Додека седеше чекајќи на работ од креветот, повторно помисли на визбите на Министерството на љубовта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Визбите, внимавајте на визбите! - свикав и летнав по скалите надолу. Резето спука од тресокот на кундаците.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)