на (предл.) - викенд (имн.)

Беше недела, ден на викенди, кога се упатив кон Халкидик. На патот - врвулица од коли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го гледам целиот тој предел како да ми е на дланка, но истовремено тој е колку една ледина на која јас како да сум дојден на викенд.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
„Крени ја високо главата, не си ни прва ни последна“ - е најчестата реплика на мојата омилена колешка, која има и стручно објаснување за мојата состојба: дека, ете, сите знаат оти моето не се тегнело веќе и дека треба да се скрасам во некој нов скут, кој, по можност, треба да биде мрсен и стар, што во превод не значи ни дебел, ни „гробу до врата“, ами да биде ситуиран и доволно стар за децата негови да не се веќе деца, да му се мажени и женети, па да не ми се воевкаат по дома, освен на викендите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој ги зеде, ме бакна во образот (беше тоа страотно спокоен бакнеж; наликуваше како да сме на железничка станица, како да го испраќаме на викенд од кој тој сигурно и брзо ќе се врати); потем се прегрна со Земанек, се бакнаа и му рече: „Издржи, добиче селско!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тоа беше првпат таа да задоцни во времето на тие речиси две години многу сложена, слободна брачна заедница, и тој како објаснување ги претпостави силните врнежи кои ја потопија целата покраина за време на викендот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој беше толку деконцентриран поради доцнењето на Марија, што не можеше да се сосредоточи дури ни на наједноставните трикови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не го сторивме ни во Бјуик Осумката на мајка ти каде што бројаница се обвиткуваше околу ретровизорот како монистрена црна змија со сребрени канџи во форма на крст.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не го направивме во твојата соба на креветот со балхадин на кој што ти тогаш спиеше и каде си спиела како дете, ниту пак на задното седиште на ’рѓосаниот Рамблер на татко ми што мирисаше на пушени кленови и колбаси кои што тој на викендите ги разнесуваше од месарницата на чичко ми Винсент.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На ќор-сокакот на нашата „патека на љубовниците“- споредна уличка со напуштени фабрики - каде што јас го усовршив движењето на прстите со кое за миг се откопчува градникот; зад јоргованите во Паркот Маркет каде што прв пат ме допре преку фармерките и твоите пупки, набабрени под проѕирниот памук, ми се чинеа лилави како јоргованите; на балконот на новиот Театар Кларк каде што си ги избришав дланките од солта од пуканките и ги протнав меѓу твоите бутини, а ти прошепоти, „Се чувствувам како Дорис Деј да нѐ гледа,“ - и тука не го направивме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)