на (предл.) - гаваз (имн.)

— Може, може, зати тој и во Маданот му а расцепи главата на гавазот. Ем, видоте луѓе, не го осудиа!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сенката на гавазот навистина веќе паѓаше на прагот од вратата, а сончевиот зрак однадвор поминуваше околу него и осветлуваше жолта патечка во студената темнина на црквата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Затоа веднаш му нареди на гавазот да го викне буљукбашијата на сејмените.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој беше свидетел кога протуѓерот во придружба на гавазот му го зеде бакарот на Степана Луов, до последното котле, во кое им вареше на децата бакраданик; кога на Митрета Пожарков му ги собра искинатите покровчиња со кои си ги покриваше шесте мали дечиња; на Севдиќевци им ја црпна и последната ока брашно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Нем“, се инаетеше Миклош, ама се ѕвереше без здив во високите, стрми карпи, намигнувајќи му ѓаволесто на гавазот што каскаше прибрано покрај нив.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тој не разбираше точно што се случува, но самото тоа што калуѓерот истрча преку вратата на црквата, а сенката на гавазот се оддалечи и му пушти пат на жолтилото од сонцето, зборуваа за возбудата што ги опфати сите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Легни бре, ќерата и симни шалварите да не замавам по очи, по глава! — беа зборовите на гавазот и заптиите кога требаше „да си поминат на редот“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)