на (предл.) - галерија (имн.)

Мојата – за седење долу, а Васковата – дури горе на галерија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше многу љубопитни луѓе како мене, на галеријата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Портирот ме запиша во книгата и се упатив на галеријата, од каде се укажа многу чудна глетка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Секоја недела одеа на миса. Го слушаа хорот, качени на галеријата, ги впиваа проповедите и убавата енергија што владееше помеѓу верниците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Навистина, лошо. Се досадував, се досадував, па слегов долу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој ги фотографирал во 1918 и, на изложбата отворена во Париз, една година пред неговата смрт издејствувал сенките на неговите редимејди да бидат исликани директно на ѕидовите на галеријата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сенките се исклучително важни за Дишан, кој не само што ги користел како метафорички модел за да го изрази постоењето на четвртата димензија, туку и цел живот ја задржал фасцинацијата со сенките што ги фрлаат неговите редимејди.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)