на (предл.) - гајда (имн.)

А тој пак, иако „голем човек-ќатип“ на целата витолишка општина, во „френцки“ алишта облечен, не се срамеше и не се креваше наголемо, како некои селани што се беа пограѓаниле, та сметаа за простоталак да свират на гајда.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Истата вечер, звукот на гајдата го облеа небото, зурлите и тапаните трештеа низ кориите, одбивајќи го својот звук од младите букови стебла.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога го заробија непријателските војници и кога со другите заробеници го построија крај брекчето да го стрелаат, тој од селото, долу под брекчето, чу свирење на гајда и почнаа трпки да му врват по снагата од возбуда.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој запеа, а селаните почнаа сложно да му бозат како што по свитењето вози брчалото на гајдата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Обредот беше прекрасно изведен, токму како во еден за мене познат опис на обредот: „Заумниот крик на бабарите (О,о,о!!!), пиштењето на гајдата, силна бучава на обесените ѕвонци и клопотарци и рафалниот татнеж на стаповите од вратата го најавуваат доаѓањето на поворката.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како да стасува од друг свет, од зад некоја граница до која нивните мисли ни во најсветлите мигови не ќе најдат пат, низ ветрот се пробил танок писок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неколцина што не знаеле дека Онисифор Мечкојад лежи на земја со пресечена жила на челото, веднаш ѝ се придружиле на гајдата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си ги заборавил корењата на омразата а на нејзините дамкави стеблики веќе 'ртеле цветови на пакост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Застанал крај ѕидот на урнатината - звукот на гајдата се склопчувал над него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Живот: на секој чекор стапица, во секоја стапица 'ртенка на умирање, во тоа време кога се имало вкус на мртва трева и на безнадежност и кога заточениците на студот го заборавале мирисот на тревата вратика. Црна земјо штура земјо...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш над изморените гласови, над писокот на гајдата што се спуштил и се склопил тука, меѓу нив, се разнела смеа, тешка, морничава, неовоземна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури се наслушнуваа пискотниците на гајдите, вревите од младите ораџии и песните од младите моми и невести.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ваперите сакаат само ранети луѓе да мачат, вели, и сакаат многу на гајда да играат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
кој знае да свири на гајда, прашува со полна уста јадење, и ние со очите го предаваме Флорина Богданоски и Флорин ја донесе гајдата и ја наду и војниците почнаа да ѕенѕаат со газот и тогаш се налути тој старшијата и од раце му ја дрпна гајдата на Флорина Богданоски и, гледај како се свири, му вели и ја дуе гајдата одново, му се црват образите, му се шират како и гајдата, и војниците стануваат, се фаќаат околу трпезите црквински, пијана работа, се фаќаат околу трпезите и после нѐ натераа и ние да играме, а тој свири, беше знаело мртвото, ако војник, беше знаело да свири и ние се фаќаме, било пишано да играме пред мртвите,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)