на (предл.) - глувче (имн.)

И така, се подели светот: на оние со сладост и милност на глувчињата во кафезите на својата глава, заслушани, со широки насмевки на лицето, со шепотни облачиња на усните, и на оние со затворени, згрчени усти, со очи ококорени, обезглавени, исплашени, вџашени.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И пак се тргаше. „Со тебе - каде?“ „Сегде“, и не ја пушташе веќе раката. „Знам едно катче од каде можеме да го слушаме мекиот галоп на глувчињата.“ И пак се сети - не, јас нема да умрам од смрт како секој друг; ќе умрам од живот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повторно е девојче со модри очи и муцка на глувче, единствена во маалото што се осмелуваше да се втурне во машката вечерна зона – скалите од влезот на продавницата за електрични апарати.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се притаив, се заслушав, и заклучив дека шумолот на глувчињата не доаѓа од ќошињата на мојата куќа, туку од аглите на мојата глава.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се слуша само некое цивкање на глувче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)