на (предл.) - глутница (имн.)

Последните зборови на оптужницата се движат по мојата невидлива врвица но слаби се и се распаѓаат на нејасни слогови чија смрт се вика тишина на невините простори во кои сум побрз од времето; за сите што се далеку од мене моите часови се нивни години, утре ќе сум врсник со нивните внуци што ќе клечат пред мене и ќе бараат прошка за гревовите и подмолноста на глутницата - таа полека станува пепел под урнатината на храмот во кој ме судеа, ме осудија на смрт и станаа смрт дури и по својата смрт.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ќе седнеа во тремот или под лозницата, ќе испиеја по една ракија, ќе го пробаа сирењето што го донел и ќе се расприкажаа за животот во планината, за упадите на глутниците, за громовите, за пожарите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)