на (предл.) - градина (имн.)

Спроти ѕидот на градината ги гледаше стражарите како ја палат прекрасната машина од хартија и бамбус што мирисаше на утрински ветар.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Од крајот на градината, па и од прозорците на училницата, го надвишувавме сиот пејсаж.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
ЗИМСКИ ШУМОВИ Декември изненаден од нечеканиот шум на студот ја свива кожата на градината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Мирисот нивни се меша со бојата на божилото што живее во темнината на сонот додека не дојде променливото време на градината да го откорне да го крене над лисјето да го развее.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се разведри малиот круг на градината спуштениот нимбус на црешата пред очите на човекот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Мајката Перса од задниот дел на градината донесе малечко емајлирано ќумбенце и кога си дојде на своето место веднаш десно до вратата и кога се наполни со дрва, ја наполни одајката со топлина која чиниш доаѓаше директно од срцето на мајката Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
музиката ти се топи в уво од малку стравче и потем жежее, жеже како тазе чајче додека не ги прежеже здодевните несреќници кои ѓоа пресметуваат колку вистински солзи има во езерцата на градината мохри колку се оддалечува од себе човек кога ќе почне да се враќа во изгубеното детство. општо е познато дека во секое детство има многу неиспилени јајца и има стари зданија престорени во вкочанета историја во детството има и товари јаболка нагризени од боговите под што се подразбираат и некои волнести батки од најблиското соседство а последно што се гледа на хоризонтот на детството е накривената капа на сѐ што било и сѐ што ќе биде.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)