на (предл.) - градник (имн.)

Се завртува ли со тилот кон гостите и се наведува ли да ги наполни чашките од ѓумот, кошулата ѝ се крева и над аловите чорапи и се прогледуваат белите жили под колена. А Бојана отиде уште подалеку: нарочно го разлабави гушалчето и под гушниче ѝ се прогледаа краиштата на градникот, па се прави да не сеќава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овдека секој работник имаше број и мораше да го носи закачен на градникот, како робијашите во Ерзерум или Диар-Бекир, а чаушите евиденцијата ја водеа по број, а не по лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Главата се обеси на градникот и тој ги виде двете испапнати очи на војникот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие се кикотеа, колку од зборовниот каламбур толку и од скокотот по половината, меѓу стегачот на градникот и ластикот на гаќичките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)