на (предл.) - гроф (имн.)

И капата на грофот, од оние што се ставаат на глава со цел да се размислува, и големата како планина, величенствено извезена наметка, неизбришливо ја дефинираат опремата на волшебникот којашто останала недефинирана во Шекспировата драма.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- За што зборуваш? – прашуваше безизразната насмевка на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Самоизмамата е најслатката храна на проклетствата – беше единствениот коментар на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пријдов до вратата, но не до онаа зад која се наоѓаше бушавата глава на стражарот туку до другана, зад закачалката, на која до пред малку висеше ременот на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа несфатливо грд ми се чинеше и навидум соблазнителниот предлог на Грофот, дека разбраниот и истинољубив автор, ќе си обезбеди ослободување од евентуалните обвиненија ако пројави спремност да соработува во расчистувањето на проблемите што се обидува иследникот да ги разреши.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И колку што си спомнувам најпрвин се сврти кон прозорецот а дури потоа го спомна она за проклетствата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Перото на Грофот продолжуваше да крцка везејќи по листот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ти мислиш – се исчудуваше упорниот иследник. – дека јас треба да бидам лековерниот професор а ти итриот студентот кој е спремен да ми пружи на располагање само делчиња од своите знаења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа следеше и прашањето: Во која мера виденото на тој начин може да се смета за доказ а во која мера за привид?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам за каков привид можеше да станува збор, но наеднаш ми се пристори дека буквите што ги пишуваше Грофот, ги имав видено извезени на мали картички, помали и од личните посетници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Штотуку размислував за оној наш разговор за корнењето нокти – му објаснував на Грофот, а притоа мислите постојано ми беа кај изненадите на кои наидував на моето долго патување од самицата до канцеларијава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа двете луди женски глави не престануваа да се кикотат над мојата наивност и да ме исмејуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред да се вслушам во шепотењето таа врата не ја бев забележал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најнапред се испречува дилемата: во која мера може да се прифати како несомнен доказ она што го видов во соседната канцеларија од канцеларијата на Грофот и тоа низ затворена врата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И додека следев некои познати гласови од службената просторија на Грофот наеднаш сфатив дека во соседната соба всушност се беше разбашкарил Мирко Бунде, и тоа на софата, а Катерина и Јана му седеа во скутот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа, штом се симнав од валканиот воз и минав низ Железничката станица, една стара зграда што и по својот изглед и амбиентот недвосмислено потсеќаше на последните романтично утописки денови на грофот Толстој, без нервоза тргнав пешки низ паркот што започнуваше веднаш тука, едно дваесетина метри подалеку од станицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)