на (предл.) - гурбет (имн.)

Во нејзината мисла веќе ѝ се виде Неда како стои в црква на певницата и псала пее поарно од Куша,како им пишува писма на сите жени што имаат на гурбет мажи или синови, па си ја замисли во поповски одежди како служи литургија, но се сети оти жена не може поп да биде, и се запре на мислата барем попадија да стане и да му помага на попот во некои работи. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И Татко и Камилски делови од нивните животи минаа во на гурбет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гурбетчијата го носи своето семејство во себе во далечната туѓина, останувајќи туѓинец за народот со кој живее. Нема погорчлива судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски се почувствува повикан да реагира: Балканците отсекогаш имале патријархални корени, семејството било речиси свето, а заминувањето на гурбет на главата на семејството претставувало голем потрес, од различните варијанти на балканскиот трагизам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По неколку поминати чекори затворив очи и празнината обрасната со пиреј и диво зелје ја полнам со куќите на Нановци, Дамовци, Пурдовци, Ласкини, Поповци, Доновци, Љаповци, Пинѕовци, Пеновци, Шкокловци, Трајковци, Наковци, Пандовци, Фиљовци, Гуљовци и другите до бројката 54 родови и куќи под чии покриви живееле 400 души и уште педесетина на гурбет отидени отаде големите води.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)