на (предл.) - дијалектика (имн.)

г). Црна, студена и бистра како твојот поглед сведочи дека законитостите на дијалектиката се очевидни или сакам да кажам твоите очи ги објаснуваат моите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Бидејќи законите на дијалектиката се универзални, објективизираниот „дух“ во природата ги пренесува нив преку науките кај човекот кога се „самоспознава“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
И така, сето значење на Хегел е, според тоа, во неговото откритие на дијалектиката и нејзиното универзално важење.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
И навистина, сето значење на Хегел, сета негова бесмртна актуелност, се наоѓа во неговата логика, во логиката што Хегел ја издигна до степенот на дијалектика, и која е единствен клуч за разбирање на принципот за „самокритиката“.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)