на (предл.) - дијалог (имн.)

Кога се пишува сценарио за филм, неопходно е јасно да се одвојат „елементите на дијалогот” од „визуелните елементи”, и, кога е тоа можно, да се даде предност на визуелното над дијалогот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И неговите зборови за мир, неговата верба во цивилизациските придобивки на дијалогот и на разбирањето се распрснаа како меур од сапуница.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Виртуоз на дијалогот: залажува и залижува зборува и о-зборува во уво се вовлекува дршка од цреша во јазол врзува; Коски нема, а коски крши.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
И покрај очевидната драматуршка комплицираност на пиесата, заситена со „литературност“ на дијалозите, „Настан“ (по првото студено среќавање на премиерата) беше сретнат од гледачите со одобрување.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Императивот на дијалогот, што се наметнува во повеќекултурната средина, бара повеќе од само рамнодушно допуштање на другиот - бара негово активно признавање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Активното учество во дијалогот најчесто го разбираме како докажување на нашата „вистина“ на слушателот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нарушената безбедносна состојба бездруго ќе ги „седне“ него и неговите најлути противници во иста влада, а набргу потоа и на иста маса со албанските партии и со „олеснувачите“ на дијалогот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)