на (предл.) - дијамант (имн.)

-Сјајот на сѐ околу тебе е ист како сјајот на дијамантот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ќе им раскажам за Шумшул- град и за таинствениот рудник на дијаманти, како и за страшното чудовиште Мортенија, за која некои мислеа дека ќе е идна господарка на светот, од исконски времиња сит од секакви господари.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Рече, дека тука некогаш била првата фабрика за обработување на дијаманти, а огледалата намерно биле поставени, за да можат преку нив да го следат движењето на непожелните „гости“ пред вратата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Единствено знаење што го имаше, беше тоа дека треба да се ужива во видливите нешта, содржајните својства на бикот Чако кој беше горе на врвот, и многуте можности да се дојде до мноштво исти такви уживања, содржајните, својства на дијамантот, што беа на дното на тесниот бунар!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите мудрости што ги научи старецот, ниту од далеку не беа доволни да се потисне помислата на дијамантот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)