на (предл.) - добрина (имн.)

Никогаш нашиот егзил нема да биде залуден, пееше Дарвиш, по својот полвековен егзил, за вечното враќање дома на Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Несебично ги советуваше сите пријатели. Ширител на добрина.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Страв. Наметнат со отсуство на добрина, недостаток на време.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
- Во моите спомени таткото на Маре претставуваше пример на добрина, на самопожртвуваност, на верност кон народното дело.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се случуваше, братот, педијатар, најчесто доаѓајќи за да си ја види својата мајка, да прегледа или да упати на натамошно лекување и неколку маалски деца од најсиромашните семејства кои се наоѓаа на списокот на добрината на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеби ќе го најде за миг во катедралната црква Света Софија, по речиси три децении од првото доаѓање на бреговите на Езерото, ќе трага по клучот на бравата на слободата, ќе ја најде отворена вратата на катедралната црква Света Софија, во храмот таа ноќ престорен во поетски храм на добрината и толерантноста на поворката избрани поети од светот на Езерото, татковина на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)