на (предл.) - драма (имн.)

Јазикот на драмата нема да се изгуби, туку само ќе го смени медијаторот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ако сме задоволни од досега изнесеното да преминеме, не на драмите, туку на театарот, не на оној на кој Гете бил управител, туку на нашиот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Бог мора да биде совладан. Не може да има друг епилог на драмата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чиновите на драмата се одвиваа во Елбасан, Тирана, Драч, Скадар, Влора, Саранда, Бутринт, Ѓирокастро и Поградец, градови кои требаше да бидат посетени, додека главните сцени на трагичната гротеска се одвиваа во театрите, музеите, крај бункерите...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. всушност го изговори прологот на драмата на балканскиот театар на апсурдот, требаше да следуваат чиновите на драмата во кои главните улоги, пред истата публика, требаа да ги играат К.К., во декорот на католичкиот павилјон, П.П., во декорот на православниот павилјон и М.М., во декорот на муслиманскиот павилјон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Според Милер, најособеното формално својство на бродвејскиот мјузикл е наизменичноста на драмата и музиката, на говорот и пеењето, што не само што создава неприродно тесен спој на тие два мошне спротивни начина туку и содржи нагли и намерно дезориентирачки пресврти од едното кон другото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Човек е во еден вид егзил кој е посебно мачен, зашто е лишен од спомените на изгубената татковина или од надежта дека ќе ја открие вистинската татковина, историската татковина, непостојната татковина, татковината на илузиите, на судирите, на делириумите, на заборавените владетели, на драмата на човековото несовршенство и на погрешната потрага по спасоносните излези...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXI Во свет без илузии и без светлина човек се чувствува осамен, туѓинец.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира, мораше да се потпира на нив, но можеше и да се одлепи, па да заплива во новите води на психоанализата (Фројд, Јунг); а особено го радуваше тоа што можеше да се врати на литературата (Достоевски), на драмата (Шекспир), па и на театарот, воопшто сцената, дури и на музиката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Улогата на драмата била на гледачот да му понуди катарза. Катарза значи „прочистување“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
На крајот на драмата, абнормалноста е превладеана и вие му се враќате на нормалното: моралното правило е обновено.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Драмата им се покажуваше на луѓе кои на некој начин го загубиле својот пат.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Современата уметност ја нема катарзичната улога поради едноставна причина што современите уметници не прифаќаат дека постојат „нормални” наспроти ненормални човечки услови; дека постои некој општ морален закон кому можете да му се вратите од абнормалноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Завист, Сатурне погрешно разбран, недоразбирањето почеток е на драмата:
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Подготвен како на сцена, кога се кажува главната реченица на епилогот на драмата, под прозорецот од собата во која спиевме, гласно извика: – Станете, јунаци! Ви стигна пакетот од Италија!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)