на (предл.) - дрвар (имн.)

Ретко раскажуваше но кога ќе почнеше, а почнуваше кога луѓето не очекуваа, не се запираше ни под удар на порој ни под уривање на лавина што се разбудува од извик на дрвар или од крик на ѕвер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во секоја негова прикаска 'ртеше семе на нов настан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од тие дрвја се одбивале секирите на дрварите и се кршело железото, од плитко засечената кора се цедел сок по густина и бледомедена боја сличен на коскена срцевина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа и трите букови стебла биле највисоки во шумата на која никој немал тапија, ни везир ни валија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ветерот ги мери екот и гласот на дрварот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ајде, не плаши се. Не те давам на дрварите. Нека собираат суви гранки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)